Еве зошто треба да испиете чаша вода пред спиење, ќе бидете изненадени

loading...

Водата е незаменлива течност за здравјето на луѓето, кои, меѓутоа, не ја пијат во доволни количини или ја заменуваат со други пијалаци.

Лекарите и стручњаците за исхрана препорачуваат задолжителен внес на два литри вода дневно. Исто така, истакнуваат дека е добро да се пие чаша вода навечер, пред спиење.

Расположение: Едно истражување од 2014 година дошло до заклучок дека недостатокот на вода во организмот води кон депресија, што може да доведе до пореметување на сонот. Истражувањето покажало дека внесот на вода значително влијае на расположението, односно дека луѓето кои пијат доволно течности се посреќни, позадоволни и посмирени.

Чистење на организмот: Пиењето вода, посебно млака или топла, го поттикнува варењето и детоксикацијата на организмот. Топлата вода, исто така, ја поправа циркулацијата, помага при губење килограми, како и при исфрлање токсини преку потење.

Ги намалува болките: Една чаша вода пред спиење пружа доволно хидратација и ги намалува болките, доколку имате стомачни проблеми. По желба, во водата можете да додадете малку лимон, што ќе допринесе за подобар вкус но и внес на витамин Ц.

loading...