Каде, како, кој и со кого: Голем летен секс-хороскоп

loading...

Секој хороскопски знак има различни сексуални желби во лето. Дознајте што сака вашиот партнер овие жешки денови, според хороскопскиот знак.

Овен

Кога се работи за забава, само две-три нови личности можат да бидат огромно освежување. Запознавањето на нови луѓе е возбудливо, а пријателите кои мислевте дека ги познавате добро, во присуство на нови луѓе ќе го истакнат тоа што го сокривале. Меѓу новите луѓе можеби се крие токму некој со кој ќе можете да ги остварите своите фантазии.

Бик

Излезете од својата зона на комфор и направете нешто што го сметате за забрането. Проверете некој во туш-кабина или забавувајте се со некој од друга вероисповед. Водете љубов со партнерот во хотелска соба и оставете отворена врата. Малите палавштини ќе ви го направат летото.

Близнаци

Одведете една посебна личност на танц. На тој начин ќе се поврзете со некој а и добро ќе се забавувате. Бидејќи вие сте со слободен дух, со танцот и вашиот партнер ќе се ослободи покрај вас. Не е важно како играте – вие имате дарба за шармирање. Или ако имате партнер, одведете го на танц и за време на танцот шепкајте му валкани работи на уво.

Рак

Изведете некој на класичен состанок. Пијте сок од сламка, прошетајте се во паркот одете во музеј. Или едноставно вечерајте покрај свеќи и гледајте филм. Нежниот Рак е сензуален Рак.

Лав

Не е важно како изгледате туку како се чувствувате. Неколку парчиња нова облека и фрлање на старите е се што треба да направите а да ја зајакнете својата самодоверба. А самодовербата ги привлекува луѓето.

Девица

Намалете го бројот на работни часови, тргнете на часови по танц или секој викенд патувајте некаде. Дозволете си себе си да се опоравите од тешката недела. Ако направите нешто ново, поголеми се шансите дека ќе запознаете и некој нов/а.

Вага

Купете еротски роман и читајте го на глас пред својот партнер додека се сончате на плажа. Двајцата ќе посакате веднаш нешто да направите, скриеното место на плажа уште повеќе ќе ви ја зголеми желбата.

Скорпија

Детално опишете ги своите фантазии и напишете како и што би сакале да изгледа. А потоа случајно оставете го ливчето на место кое вашиот партнер ќе го види, но не толку очигледно. После некое време, ќе почне да ви ги исполнува фантазиите.

Стрелец

Ако отскокнете од секојдневието, тоа ќе ви биде доволно за да бидете среќни. Дозволете цел авантуристички дух да се пробуди во вас. Впуштете се во некои нови активности и препуштете се на нови луѓе.

Јарец

Заборавете на работата и побегнете со партнерот на некое тивко место. Изнајмете куќа или соба во која ќе можете по цел ден да се излежувате и да шетате голи. Бидејќи само со саканата личност можете до таа мера да се опуштите, искористете ја осаменоста.

Водолија

Одете во некој забавен парк или на концерт. Сами ако сте сами, или со партнерот ако сте во врска. Заедничката забава најмногу ги зближува луѓето, па можно е во масата на луѓе на концерт да најдете некој кој бара исто што и вие.

Риби

Водата е терен на кој Рибите најдобро функционираат. Пробајте секс во вода со партнерот, прво на некој осамен мост, а кога ќе се извежбате и ако сакате опасност – можете да пробате и во присуство на други луѓе така што тие тоа да не го забележат.

loading...