Некогаш ја нарекуваа “крава“, а денес е секс бомба вредна 3 милиони долари (ФОТО)

loading...

Најпознатата манекенка со невообичаен изглед, Вини Харлоу стана едно од заштитните лица на Victoria’s Secret.

Вини е единствен модел со витилиго, изразена депигментација на кожата, која ќе ја носи ревијата на овој престижен бренд за долна облека. Вини и минатата година се обиде да стане ангел на Викторија, но не успеа. Кога дозна дека годинава ќе биде главна на најпознатата ревија на светот, Вини им се заблагодари на сите кои и помогнаа да успее. Таа ја спомна колешката Тајра Бенкс, која пред четири години прв пат и дозволи да настапи во шоу, по што кариерата и тргна во нагорна линија.

Се проценува дека договорот и ја здебелил сметката за три милиони долари.

Витилигото на Вини и било дијагностицирано кога имала само четири години. Таа во интервју раскажува какви проблеми имала на училиште, кога ја нарекувале крава или зебра, за тогаш да реши дека ништо нема да ја сопре да стане славна.

 

loading...